Стојанче Ангелов одел пеш 16 километри и низ снег до Галичнкк за да им помогне на двајца старци

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и неговата сопруга Јасминка се пробивале низ снежни наноси за да стигнат до сопружници кои биле завеани во селото Галичник. За нивното патешествие Стојанче објави детали на неговиот ФБ профил:

Пред неколку дена на ФБ профилот на Центарот за управување со кризи стигна порака во која Гордана Бекриќ, жител на с. Галичник, се пожали дека патот до селото е непрооден бидејки на повеќе места е завеан со високи наноси на снег. Заедно со неа отсечени од остатокот на државата во Галичник се наоѓаат и нејзините возрасни татко (77) и мајка (73).Истиот ден му се јавив на заменикот директор на Македонија Пат, Самка Ибраимовски, после што чистењето на патот беше интезивирано.Денес ја споив мојата страст кон планината со дел од мојата работа и наместо искачување на некој планински врв тргнав за Галичник.Попат видов пробиен пат низ десетина метри снежен нанос за што и честитам на Македонија Пат. Воедно апелирам до нив да го дочистат и остатокот од патот во должина од 8 км кој сеуште е завеан на неколку места и денес моравме да го изодиме пеш. Во селото не пречекаа љубезните домаќини, Гордана со нејзините возрасни родители, и низ разговор ми кажаа дека овој проблем постои со децении наназад. Воедно молат и апелираат да се прекине ваквата пракса, на крајот на април, асфалтираниот пат до нивниот дом да биде завеан со снег додека намирниците кои ги обезбедиле на почетокот на зимата веќе се потрошени па мораат да носат нови на грб.Овој македонски планински бисер, Галичник, заслужува поголема грижа за малкуте постојани жители но и за многуте туристи и гости, да можат непречено да пристигнат по ново асфалтираниот пат.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави