Tатко ја држи раката на својата ќерка која загина во земјотресот во Турција

Фотографии на татко кој ја држи раката на својата ќерка која загина во земјотресот се проширија од турскиот град Караманкараш.

Фоторепортерот на агенцијата АФП, Адем Алтан, направи серија фотографии денеска кои го прикажуваат Месут Ханџер како седи среде уништена зграда. Притоа ја држи раката на 15-годишната ќерка Ирмак, чие тело останува заглавено под урнатините.

Караманкараш е еден од најтешко погодените градови во вчерашната катастрофа и во негова близина беше епицентарот на вториот силен земјотрес од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Total
0
Shares
Поврзани објави