Трагедија во Кавадарци, од корона почина и второто дете на семејството Ѓерѓеви

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев вели дека денеска е тажен ден за градот откако од корона вирусот починал и вториот син на семејството Ѓерѓеви.

„За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти“, објави на фејсбук Јанчев. 

Тој изрази длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. 

„Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови, вели Јанчев.

Браќата имале апластична анемија заболување кое е сериозно нарушување на крвта од неактивност или оштетување на коскената срцевина.

Total
0
Shares
Поврзани објави