Угостителските објекти ќе работат до 22 часот, в недела ќе се затвори се

Комисијата за заразни болести во понеделник ќе предложат на владата да се намали работното време на локалите, ноќните клубови, кафулињата до 22 часот. Скратено работно време ќе има секаде каде има голема концентрација на луѓе затоа што никој не ги почитува мерките за заштита од корона вирусот.

„Сметаме дека рестриктивните мерки навистина имаа добри резултати“ – велат за Фактор избори од КЗБ.

Тие одобриле работа на уостителските објекти за да не трпи економијата, но предупредуваат на претерано непочитување на мерките со што имаме рекордни бројки на новозаразени.

„Еве, токму синоќа во локал во Драчево имало присутни повеќе од 2.000 луѓе. Гостувал некој пејач од Србија. Навистина не знам со кој памет се прави сето ова“, велат од КЗБ.

Освен скратување на работното време на угоститеслките објекти ќе се предложи в недела да не работи ништо, како што е праксата секаде во светот.

Total
0
Shares
Поврзани објави