Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека од надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка на 12. 09. 2019 година доставен е предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазлвиост. По разгледување и ценење на предлогот истиот е уважен од судија и мерката куќен притвор е укината, а определени се други поблаги мерки за претпазливост, соопштуваат од Судот.

Кривичниот Суд му одреди куќен притвор на Јакимовски во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во периодот од 2011 до 2017 при постапување по барање за утврдување правен статус на објекти лоцирани на ул. „Илинденска“ во Скопје.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск за купување на компанијата

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер речиси едногласно го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск…
Повеќе

5 милијарди казна за Facebook

Американските регулатори му изрекоа рекордна казна од пет милијарди долари на Фејсбук поради скандалот со откривањето на личните…