Усеини не дојде на рочиште, заминал на лекување во Турција

Денеска по втор пат е одложено судењето на Нефи Усеини за физичкиот напад врз Спиро Топаловски поради тоа што заминал на операција во Турција.

Одбраната на Усеини соопшти дека поради операција во Турција, неговиот клиент не е во можност да присуствува на денешното рочиште.

На судење денеска не беше ниту оштетениот Топалоски. Неговиот адвокат се правдаше дека имач операција на заб и не можел да зборува.

Следното рочиште е закажано за 27-ми ноември, а закажан е уште еден термин на 3-ти декември со цел забрзување на процесот.

Браќата Усеини се обвинети за насилство, по нападот врз Топаловски на јавно место летоска во Охрид.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

КЕШИШЕВ НИ РЕЧЕ КОПАЈТЕ ТАМУ КАЈ ПЕРНИЦИТЕ И КОГА СЕ ВИДОА ВЕЃАТА, НОСОТ И ЕДНАТА НОГА НА ДЕВОЈЧЕТО, ПРЕСТАНАВМЕ ДА КОПАМЕ, СВЕДОЧИ ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК КАКО ЈА НАШЛЕ ВАЊА

Музафер Калишиќ, кој на 27 ноември кога беше грабната и убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, бил помошник-началник на СВР…