Усеини не дојде на рочиште, заминал на лекување во Турција

Денеска по втор пат е одложено судењето на Нефи Усеини за физичкиот напад врз Спиро Топаловски поради тоа што заминал на операција во Турција.

Одбраната на Усеини соопшти дека поради операција во Турција, неговиот клиент не е во можност да присуствува на денешното рочиште.

На судење денеска не беше ниту оштетениот Топалоски. Неговиот адвокат се правдаше дека имач операција на заб и не можел да зборува.

Следното рочиште е закажано за 27-ми ноември, а закажан е уште еден термин на 3-ти декември со цел забрзување на процесот.

Браќата Усеини се обвинети за насилство, по нападот врз Топаловски на јавно место летоска во Охрид.

Total
0
Shares
Поврзани објави