Оваа ноќ температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пад и истите ќе бидат прилично есенски и до утрешното средочно утро минималните температури на воздухот низ државава ќе се спуштат во интервалот од 10 до 19 степени па затоа доколку излегувате со себе понесете си малку потопла облека.
Утре (среда) во текот на претпладнето времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди (локално нешто подолги) додека особено на северозападот и северот на државава ќе има услови за локален дожд проследен со поретки грмежи.
Од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно и тоа особено на запад, југозапад и на исток каде ќе има пороен дожд, грмежи и засилчен ветер.
Локално процесите повторно можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град како и значително количество на воден талог за кратко време.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Исто така додека траат електричните празнења домашните уреди ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се исклучуваат од штек за да не дојде до нивно расипување и слично.
Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.
Нестабилно време со почести врнежи, грмежи и услови за невреме ќе се задржи и во текот на следните денови.
извор: Славчо Попоски