Од власта велат “можеме” , дека сме на “прав пат”, и дека било ” нормално”, но на терен се е поинаку.
Владо Мисајловски
Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета.
Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом.
Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!
Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите.
И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи !
Поврзани објави
Пукање во Чаир, нема пријави за повредени лица
Пред продавница за автоделови во скопската населба Чаир попладнево имало пукање, во кое досега, како што соопштија од…
Ги натепал сопругата и синот, па ги нападнал полицајците
На 05.01.2020 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христо Татарчев” го лишиле од слобода С.Ц.…
Ратко Младиќ осуден на доживотен затвор – пресудата е конечна
Петчлениот Жалбен совет на Хашкиот Трибунал ја потврди денеска првостепената пресуда против воениот командант на босанските Срби, Ратко…
ВИДЕО: Момчиња силувани и мачени, па закопани живи, Шведска шокирана од грозоморен злостор
Шведската јавност деновиве е шокирана од еден од најгрозоморните случаи во модерната историја на земјата – две момчиња…