ВИДЕО: Уапсен шефот на полицијата во Зубин Поток, војската на Србија на готовс

Специјалните единици на косовската полиција, Росу, во акцијата што од утрово ја спроведуваат во општините со мнозинско српско население во северно Косово, го упасиле шефот на полициската станица во Зубин Поток, кој е од српска националност, меѓутоа за сега не успеваат да го спроведат пред истражните органи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според информации од местото на настанот, околу 100 жители Срби се собрани на протест и го блокирале магистралниот пат во правец на Митровица.

Патот е блокиран со возила и камиони, оневозможувајќи го транспортот на командирот на месната полиција до јужниот дел на Митровица.

Косовската полиција соопшти дека утрово во четири општински со мнозинско српско население во северно Косово спроведува акција за откривање на учесници во организиран криминал, при што се уапсени неколку лица од српска националност, меѓу кои и припадници на полицијата.

Станува збор за осомничени за кривични дела „шверц на стоки“, „злоупотреба на службена положба“, „давање поткуп„недозволена трговија и други.

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ утрово изјави за РТС, дека косовски специјалци напаѓаат Срби на влез во Зубин Поток во обид да влезат во тоа населено место. Тој додаде дека косовските специјалци со оружје упаднале утрово во сите четири општини на север во Косово. Според него, апсењата се извршени „поради некаква вмешаност на тие лица во организиран криминал“.

Припадник на косовската полиција е ранет во акцијата на специјалните полициски единици Росу во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јавија косовските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Видео: Затни ја муцката погана

Тензиите во Собрание денеска продолжуваат и со женска пратеничка кавга. Навреди и погрдни зборови разменија две пратенички Жаклина…
Повеќе

Повлечените МРП вакцини биле квалитетни, никој нема да одговара за погрешните податоци на налепниците

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по…
Повеќе

Ангеловска-Бежоска: Најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска најавува умерена нагорна ревизија на проектираната инфлација од 2,2 проценти. Во изјава за медиумите, Ангеловска-Бежоска рече дека со оглед на движењето на…