(ВИДЕО) Загина српски автомобилист, објавена снимка од трагедијата

Голема трагедија се случи денеска на трката од српскиот шампионат во Краљево во автомобилизам на кружни патеки.

38-годишниот возач Владимир Шекуларац од Александровац загина откако излета од тркачката патека.

Натпреварот организиран од Здружението на спортски автомобили и картинг на Србија на познатата тркачка патека Берановац кај Краљево ги обележа ужасниот настан, а се појави и видео од несреќата.

Откако возилото излета од патеката, трката беше веднаш прекината, а тешко повредениот автомобилист бил префрлен во Општата болница „Студеница“ во Краљево, пренесуваат српските медиуми.

И покрај сите обиди на докторите да го реанимираат, Владимир Шекуларац им подлегнал да повредите.

Total
0
Shares
Поврзани објави