Власта ќе го донесе Закон за висока раководна служба по изборот на директорите

Неда Малевска Сачмароска од Центарот за управување со промени, ја повикa власта брзо да го донесе Закон за висока раководна служба, со цел државните секретарите и дел од директорите, да бидат професионалци, а на партиски кадри.

Но, предлог-законот е заглавен во собраниска процедура уште од лани во декември.

„Сега е вистинското време да се обидат да го стават во примена овој закон и да демонстрираат политичка одговорност дека навистина на високите одговорни позиции ќе дојдат квалитетни луѓе со компетенции и дека тој процес ќе биде отворен за сите оние кои е заинтересирани да ги предводат институциите“ вели за Алсат-М, Сачмаровска.

Како претставник од ЦУП, таа учествувала во изработката на законот и вели дека без негово донесување ќе продолжи познатата шема на партизација на администрацијата. 

„Ако почнеме со примена на овој закон, веќе ќе воспоставиме процес, ќе имаме барем малку изземање на тие влијанија на политиката врз функционирањето на институциите. Исклучително важно е да имаме професионалци на тие места“, вели Сачмароска.

СДСМ планира законот одново да влезе во процедура, откако ќе се изберат комисиите во Собранието, но процесот може да трае со месеци, а директорите ќе се изберат според старите процедури.

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вели дека промената на избор на директори е неопходна и поради намерата на земјата да стане членка на ЕУ. Но, вели, ќе им олесни многу и на партиите.  

„Може да имате луѓе што мислат дека заслужиле да бидат на одредена позиција, но, ако не се соодветни, ова ни ја елиминира потребата за многу незгодни разговори што ги имаме внатре во самите партии. Не е секогаш едноставно и лесно да се каже на некој „Да“ или „Не“ за нешто.,“ вели Манчевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ангеловска-Бежоска: Најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска најавува умерена нагорна ревизија на проектираната инфлација од 2,2 проценти. Во изјава за медиумите, Ангеловска-Бежоска рече дека со оглед на движењето на…