Владата не се откажува од намалувањето на администрација

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири вели дека намалувањето на администрацијата ќе продолжи преку преземањето на вработените од приватниот сектор и елиминирање на преклопување на надлежностите на инстгируциите.

Шаќири тврди дека со намалување на администрацијата нема да се оштетат вработените, туку ќе добива приватниот сектор каде има недостиг на вработени.

„Продолжуваме со професионализација на високите раководни структури преку обезбедување на јавно разграничување меѓу политичко и професонално ниво на администрацијата “, рече Шаќири.

Тој најави воведување на концептот менаџерска отчетност и дефинирање на надлежности на сите нивоа во администрацијата.

Соред него, ќе се воведе и систем на оценување  на институциите со цел постојано унапредување на  работата на организациите, мотивираноста на вработените  и следење на перформансите. 

„Со почеток на 2022 година  ќе се овозможи  секој вработен во јавниот сектор согласно постигнатиот успех да добие пет проценти на плата, наведе министерот Шаќири.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Јавното обвинителство поканува на средба претставници на семејствата на загинатите од Плус кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

Семејствата на покојните од трагедијата во Кочани ќе организираат ,,Марш за ангелите” за ден 29.04.2025 година (вторник) со…