ВМРО-ДПМНЕ: Над илјада заразени дневно оти Филипче се грижи само за тендерите

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во земјата имаме над илјада заразени дневно од корона вирусот затоа што министерот за здравство не се грижи за здравјето на луѓето, туку за тендерите и интересот на тесен круг на луѓе.

„Само граѓаните и нивниото здравје што му е работа на Филипче никако да дојде на дневен ред. Уште пострашно е што секојдневно се бројат заболени деца, заболени вработени во градинки и училиштата“, алармира опозициската партија.

Тие јавно го прашуваат Филипче зошто правел скрининзи на празно во мај и не ги отвори градинките.

„Правете бесплатни тестови за корона на сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата еднаш месечно“, препорачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, најдобрата мерка за борба против корона е оставка на Филипче и на претседателот на Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

СЗО влегува во Вухан

Тим од Светската здравствена организација доаѓа во Кина на 14 јануари за да го истражи потеклото на коронавирусот,…