На 19.11.2019 околу 00.10 часот на Граничниот премин „Табановце“, по добиени оперативни сознанија, било запрено товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско. Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од над 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол. Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поврзани објави
Афроамериканецот бил заразен и со коронавирус
Смртта на Џорџ Флојд е предизвикана од застој на срцето, стои во заклучокот на патологот на округот Хенепин…
Голема полициска акција „Сигнал”- Падна македонскиот Пабло Ескобар
Минатиот викенд австралиската полиција спроведе голема операција „Сигнал“ во која се фатени голем број на криминалци за дрога,…
Во Романија запленет повеќе од еден тон кокаин,приведени двајца Срби
Романските власти денеска соопштија дека заплениле повеќе од еден тон кокаин со висок квалитет, кој бил скриен на…
Се изнесуваат прислушувани материјали и докази, облека на Боки 13 – тревога во УБК
Истражителите на шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска која ја води истрагата за „Рекет“, ја дигнале…