Во Лојане и Ваксинце пронајдени 28 мигранти

Во две куќи во Лојане и Ваксинце утрово полицијата пронашла вкупно 28 мигранти, а биле приведени три лица, соопшти МВР.

При претрес во домот и помошните простории на 66-годишен жител на Ваксинце се пронајдени 10 мигранти од Бангладеш. Сопственикот на куќата и уште едно 27-годишно момче биле приведени.

Во селото Лојане, при претрес на домот и помошни простории во сопственост на А.А. (48) биле пронајдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан и две од Авганистан, меѓу кои 4 малолетни лица, изјави портлапорот на МВР, Сузана Праниќ-Талевска.

Во врска со настанот приведено е лицето З.А.(53) од Лојане.

Во текот на денот тројцата приведени ќе бидат изведени пред суд, а мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

До Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пак, против приведените ќе се поднесе кривична пријава поради сомнение за делото криумчарење мигранти.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Србија доби писмо од Интерпол со предупредување дека циркулираат информации за повик за групно самоубиство на млади луѓe

Министерството за внатрешни работи на Србија доби писмо од Интерпол со предупредување дека циркулираат информации за повик за…