Во скопска Апелација се делеле предмети на рака ?

По јавното излегување на извештајот на судијата Лазар Нанев и министерството за Правда околу проверките и сомнежите за злоупотреби на АКМИС системот за распределба на предмети , може да се прочита дека во Апелациониот суд комисијата не утврдила нерегуларности. Но истовремено недостасува извештај како биле даделувани предмети на стручен соработник во одреден период односно во истиот кој комисијата го проверуваше во Кривичен и Врховен суд.
Според она што го дознаваме предметите од Кривичниот совет на Апелација не се заведувале во АКМИС и тоа во текот на 2016 и 2017 година. Овој факт истражителот Нанев не го навел во извештајот. Заведувањето на предметите одело на идентичен начин како и она што било констатирано, а е наведено во извештајот, односно дека имало рачна распределба на предмети. Овие факти комисијата ги утврдила само според кажување на привремениот претседател на Кривичниот суд Стојаче Рибарев. Тој како граѓански судија беше претседател кратко време во Кривичен, но си поднесе оставка. Рибарев пред комисијата само кажал дека има дупли АКМИС во судот, но не дал ниту ден факт и доказ како се изведувала операцијата делење предмети.
Тој и по објавивањето на извештајот и јавната прозивка да појасни зошто и како се делеле предмети Рибарев е недостапен. Побаравме од него одговор бидејќи целиот извештај на АКМИСОТ всушност се темели само на негова изјава за која нема приложено никакви дополнителни докази или податоци, но Рибарев е недостапен.
Извештајот за АКМИСОТ долго се криеше од јавноста под превезот на строго доверливо па дури и членови на Судскиот совет не можеа да го разгледаат. Од извештајот произлегува дека имало често менување на распоред на судии во сите контролирани судови , што е право на секој претседател, но според извештајот на Нанев и комисијата токму на овој начин наводно се местеле совети на судии и се ваделе судии од АКМИС системот.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави