По апокалиптичното невреме кое го зафати грчкиот полуостров Халкидики, во кое загинаа 6 странски туристи, а материјалната штета е огромна, грчката влада прогласи вонредна состојба.
Двајца туристи загинаа во Неа Плагија, по паѓањето на покривот во една таверна. Животот го загубија една 54-годишна Романка и нејзиното 8-годишно дете.
Другите два смртни случаи се случија во близина на Потидеа Палас откако врз 39-годишен руски турист и неговиот двегодишен син паднало дрво.
Останатите двајца мртви биле пронајдени во Созопол, Халкидики, во превртено возило, а загинал постар чешки пар.


