Вработена кај Боки дома: Шеќеринска, Филипче, Богоев, Јанева, Кирацовски беa чести гости

Драгана Колевска, која работела во домот на Бојан Јовановски, ги наброја политичарите кои доаѓале кај него дома.

Доаѓаа Радмила Шекеринска, Катица Јанева, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Орце Камчев, Зоран Милевски, Сергеј Варошлија, Венко Филипче – кажа Колевска.

Таа рече дека кога тие доаѓале ги послужувала со кафе и сок, а понекогаш и јадење.

Колевска додаде дека гости во домот биле и новинарите и уредници Ацо Кабранов и Јадранка Костова, но таа не слушала за што зборуваат со Боки 13.

Сведочеше и поранешен новинар од телевизијата Христијан Баневски кој кажа детали околу начинот на работата во телевизијата. Потврди дека Јованосвки се мешал во уредувачката политика и дека по излегувањето на осомничените од притвор за случајот Имерија ништо не смеело да се објавува. Баневски кажа дека кога прашал дали се работи за некаков рекет околу подготовка на одредени прилози Јовановски му одговорил дека телевизијата мора од нешто да живее.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Роднини на починати пациенти го пречекаа Жан Митрев пред судот со транспаренти: „Мојот Никола не е статистички број, барам правда“:

Членови на семејствата кои се лекувале во клиниката „Жан Митрев“ денеска со транспаренти го пречекаа кардиохирургот за кого…