За притворените за “Крвавиот четврток” нема храна и вода

Во Кривичниот суд втор ден продолжува судскиот процес за тероризам за Крвавиот четврток односно упадот во Собранието на 27 април лани. Денеска адвокатите ги изнесуваат своите воведни говори.
Пред почетокот на процесот дел од нив се пожалија дека нивните клиенти односно осумтемина кои се носат од притвор од затворот Скопје, не добиваат храна и вода. Цел ден се во судот и ниту затворот ниту некој смее да им подаде јадење, а судењеата траат од рано изутрина до многу доцна попладне. Судијаката кажа дека е запознаена со проблемот ќе се потруди да се обезбеди вода, но за храна рече дека од безбедносни причини и бидејќи е многу топло не може да ја добијат.
Прв денеска зборуваше адвокатот Дончо Наков кој за своите штитеници вели дека низ докази и сведоштва ќе го побие обвинението тероризам, особено за пратникот Љубен Арнаудов кој е познат лекар и спасил многу животи за сега одеднаш да стане терорист. За богдан Илиевски и останатите што ги брани кажа дека не може да бидат терористи со искажан збор, или како што кажа адвокатот делото тероризам е сторено со зборови.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Обвинителката Хаџивасилева: Не сакаме да ја блокираме болницата „Жан Митрев“, обвинетиот може да понуди и друга гаранција

За предметот против Жан Митрев кој ОЈО Скопје го отвори по документарецот „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија…
Повеќе

За девет предмети ќе се бара екстрадиција на Груевски, Македонија ќе ја убедува Унгарија ветувајќи добри услови во затворот во кој ќе го сместат

Ново барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски ќе биде упатено од министерот за правда, Кренар Лога. Тој…