На денешното судење во предметот „Топлик“ сведочеше вработена во Министерството за транспорт и врски, која била член на Комисијата за јавно наддавање на градежно земјиште. На прашање на обвинителот од СЈО што констатирала Комисијата, сведокот рече дека документацијата била некомплетна и затоа не може да се донесе одлука за јавно наддавање. „Немаше нумерички податоци за сите градежни парцели, немаше уверение за движење на катастарските парцели“, рече сведокот. Додаде дека бил составен записник со кој сакале да го известат министерот дека не може да се објави повик за јавно наддавање со некомплетна документација. „Баравме од министерот да нè разреши од Комисијата“, рече во сведочењето поранешната вработена во Министерството.
Подоцна рече дека никој не ја известил оти е разрешена. „Подоцна разбрав дека сум била ставена во второформираната комисија, иако не знаев за тоа“, таа.
Сведоците кои денеска не се појавија следниот пат ќе бидат стражарно приведени во судот.
Првообвинет во предметот „Топлик“ е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Се работи за случај при продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.
Поврзани објави
СЈО: Опасноста од бегство за Јанакиески и Божиновски констатирана на 2-ри јули 2017
Во врска со Решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кои им се определени…
Таткото на Боки 13 доби 6 месеци затвор оти претепа поп
Миле Јовановски, татко на Боки 13, e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина.…
Екстрадициски притвор за Томор Морина
Кривичниот суд во Скопје му одреди екстрадициски притвор на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина,…
По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски, Саздо
Кривичниот суд во Скопје им изрече казна затвор во траење од по 19 години за кривично дело убиство…