Комисијата за заразни болести соопшти дека на утрионскиот состанок донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.
-Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји. Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување, соопшто Министерството за здравство.