Во ковид-центрите се лекуваат 826 пациенти, на располагање уште 120 кревети

Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Министерството открива дека во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, Штип 56, Тетово 43, Велес 70 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни.

Слична состојба има и во другите центри, така во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 116, Гостивар 47, а во Струга 31 заболен.

Во болницата во Струмица хоспитализиран е 91 пацинет, во Кочани 21, во Кичево 18, во Кавадарци 39, а во Гевгелија 9 лица позитивни на коронавирусот.

Од ресорното министерство посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Според нив, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.285 и има околку 120 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Министерството за здравство појаснува дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Total
0
Shares
Поврзани објави