Зелена Лупа: Дa се провери дали Мијалков навистина е заразен со корона

Невладината организација „Зелена лупа” се сомнева во точноста на позитивниот тест за ковид-19 на обвинетиот во случајот „Тврдинс-Таргет“, Сашо Мијалков.

Тие велат дека Мијалков доставил решение со кое е одредна изолација со времетраење од 10 дена за асимптоматски потврден случај и 20 дена доколку во текот на следењето на здравствената состојба на лицето се развијат симптоми.

Според нив, чудно е што неговите бранители, кои се во близок контакт со обвинетиот и го застапуваат во повеќе предмети не чувствуваат потреба за самоизолација.

„Како дополнителен сомнеж се јавува и преклопувањето на медицинскиот извештај токму од истата установа „Неуромедика“ која точно пред една година заедно со „Систина“ го оправдаа отсуството на овој обвинет“,се вели во извештајот на „Зелена лупа“.

За да се избегнат евентуални злоупотреби, оваа организација предлага да се формира послебно тело во Основниот кривичен суд во Скопје кој ќе врши преиспитување на издадените медицински потврди на лица против кои се водат судски постапки.

„Како невладина организација секојдневно вршиме мониторинг во кривичниот Суд Скопје од 2018 година на сите предмети покренати од СЈО како и предмети од ОЈО ГОКК и можеме да ја информираме јавноста дека често обвинетите и нивните бранители „се разболуваат“ или „доживеале некаков напад“ токму кога предметите се во завршна фаза или се во ризичен истек на 90 дена од последно одржано рочиште а со тоа постапката се враќа од самиот почеток како што се случи со неколку предмети од СЈО“, велат од Зелена Лупа.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Вучиќ го затвора Белград?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по препорака од Кризниот штаб за сузбивање на ширењето на коронавирусот се најавува…