Заев верува во решение со Бугарија за да почнат преговорите со ЕУ

И покрај заканите на Бугарија дека нема да дозволи да почнеме преговорите со Европската Унија, премиерот Зоран Заев верува дека до договор ќе дојде.

Заев вели дека се обидува да се однесува разумно за да не подгрева непријатности во јавноста.

„Да се направи чекор за да не се дозволи почеток на преговори со ЕУ не е во интерес на ниту еден народ. Ние како Македонци или целиот наш народ, тоа никогаш не би го направиле на нашите соседи и браќа Бугари“, рече Заев.

Тој вели дека сите се фокусирани на изноаѓање решение кое ќе овозможување почеток на преговорите со ЕУ.

Според него, проблемот со новите бугарски барања можно е да се решат со декларација, со анекс, со пропратно писмо или на некој друг начин.

„Не верувам дека постои подобар договор што може да се постигне меѓу македонската и бугарската страна“, додаде Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави