Загина дете во сообраќајка

Дете на четири годишна возраст загина во соораќајна несреќа што се случи попладнево околу 14:15 часот на локалниот пат Куманово-Романовце, потврдија од општа болница Куманово.

Детето беше донесено без знаци на живот, лекарите се обидоа да го реанимираат, но безуспешно, велат од кумановската болница.

Во сообраќајната несреќа била повредена уште една патничка со полесни повреди, информираат од болницата.

Од МВР потврдија дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила, а детали најавија откако ќе заврши увидот.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Маж удрен од глисер

Во полициската станица во Струга вчера околу 18 часот е пријавен дека е повреден 60-годишен стружанец. Тој е…
Повеќе

Издржи бато !

Еве од колку сме заедно и некој ќе ми каже без секирации се ќе помине, да ќе помине…
Повеќе

Воз излета од шини

Поради одрон на пругата кај Лакавица изутринава од шините се излизгал патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје,…