Полицијата денеска соопшти дека вчера во 10.14 часот во Клинички Центар „Мајка Тереза“, поточно на Клиниката за Неврологија, починало осуденото лице С.С. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Повеќе детали не се соопштуваат. Неколку часа подоцна во кругот на Казнено поправната установа -Идризово, поточно во затворската амбуланта, дошло до расправија помеѓу осудениците М.Д. и С.М. М.Д. го удрил со тупаница во лицето С.М. кој со амбулантно возило бил пренесен во Ургентен Центар. Лекарите констатирале тешки телесни повреди и по санирањето на истите бил вратен назад во затворот.
Затвореник почина во болница, друг повреден во амбулантата во Идризово

