Со посетата на вчерашната претстава „Нешто пропуштаме“ во Театар Комедија, започна реализирањето на активностите од меморандумот за соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и КПУ Затвор „Скопје“, со кој културата и уметноста во функција на едукацијата и ресоцијализацијата се приближуваат до една деликатна и маргинализирана категорија на граѓани…
Соработката предвидува посети на културно – уметнички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, работилници и настани во самата установа со осудениците и со гости – уметници.
Освен остварување на заложбите на културните политики на Владата на РМ и Министерството за култура за еднаков пристап до културата за сите граѓани, со оваа акција се адресираат и препораките на Комитетот за спречување на тортура (ЦПТ) на Советот на Европа, кои години наназад упатуваат на отсуство на какви било активности за едукација и ресоцијализација на осудениците во македонските затвори. Вакви активности веќе започнуваат да се планираат и одвиваат и во други градови во земјата.
#соопштение Министество за кулутура
Затвореници од Шутка на претстава во Театар Комедија

