Жителите од битолските села одбиват да ја плаќат нечистата вода за пиење

 Голем е бројот на села во Општина Битола каде пијат хемиски и бактериолошки неисправна вода за пиење, за која жителите не сакаат да му плаќаат на ЈКП „Водовод“ Битола, кое стопанисува со градскиот водовод.

Голем дел од селата кои се на патот кој води до македонско-грчката граница (Бистрица, Олевени, Канино, Барешани, Велушина…), селата во Потпелистерието (Трново, Магарево…) , села во општините Могила и Новаци вода пијат од селски водоводи. Па, во чешмите дома им тече вода со видливи нечистотии, раски, земја, жолтила. Во резервоарите често има и пцовисани животинки, инсекти и глувци.

Од Центарот за јавно здравје Битола, велат дека третината од водата е неисправна за пиење од трите пелагониски општини со селски водоводи.

„За првите шест месеци од оваа година земени се 88 мостри од локални селски водоводи во општините Битола, Новаци и Могила, кај 69 од мострите водата  е неисправна, или од овие земени мостри 78 проценти е бактериолошки нечиста, додека хемиски и физички е во ред“, изјавила за Независен, д-р Емилија Богоевска,  специјалист по хигиена и здравствена екологија и додава дека користењето на бактериолошко неисправната вода е ризик по јавното здравје, со причина за појави на проливи и повраќања и други цревни заразни болести.

Бистрица е едно од селата со селски водовод каде се наоѓа на само пет километри од Битола. Жителите се жалат дека вода пијат исклучиво од кујната бидејќи таму поставиле скап филтер од 500 евра.

„Тој филтер не може секој да си го дозволи. Но децата ни се мали и мора да го намалиме ризикот. Водата е нечиста, со земја, и тоа се гледа со голо око, а најдобро на филтрите кои секој ден се полни со тиња. Испраните алиштата кога ќе ги истресам имаат земја“, вели Виолета, жител на Бистрица.

Од градскиот водовод летово се троши по 650 литри во секунда чиста вода за пиење од изворите на Пелистер – Сапунчица, Лак Поток и Црвена.

Од ЈКП „Водовод“ велат не може да се снабдуваат граѓаните со чиста вода без да плаќаат сметки, бидејќи селските водоводи им се стари, дотраени и со лош квалитет, за што претпријатието ќе мора да инвестира.

„Во овој момент, во најголем број од овие села не се плаќа за водата, а со тоа и ниеден од овие системи не се одржува редовно. Системите се стари по повеќе од 40 години и имаат големи загуби на вода, што е една од причините за нејзин недостигот, покрај слабата издашност на изворите, ијавил за Ннезависен, директорот на „Водовод“ Горан Козаров.

Квалитетот на вода за пиење во сите села кои се приклучени на градската водоводна мрежа е според Правилникот за вода за пиење. Покрај квалитетот на водата, во летниот период се јавува голем недостиг на вода во овие села. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русковска отвори постапка – испитува зошто Спасовски со месеци чекал да го затвори техничкиот преглед во кој поминал и автобусот на „Беса транс“

Предметот засега е во фаза на предистрага, во чии рамки истражители од Обвинителството вчера го посетиле Министерството за…