Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на озлогласен мафијашки клан

epa10117916 Police officers close off the crime scene at Cetinje, Montenegro, 12 August 2022. A 34 year old male in Montenegro went on a shooting rampage after a family dispute, killing at least 10 people on the street before being gunned down in an exchange of fire with the police. EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Експлозијата се случила во 9:10 часот, а од силната експлозија испукале стаклата на зградата на Спортскиот центар.

Според неофицијалните информации на Вијести, убиени се припадници на озлогласениот криминален шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ.

Еден од нив починал на лице место. Според извор од полицијата, вториот подоцна им подлегнал на повредите.

Според црногорскиот медиуми, еден од убиените неодамна излегол од затвор.

Вијести дознава дека и двајца повредени се припадници на организираната криминална група шкаљарски клан.

Третото повредено лице е постара жителка на Цетиње, која во моментот на експлозијата минувала по таа улица. Таа била транспортирана во Клиничкиот центар во Подгорица.

Полицијата со месеци стравувала дека вакво нешто би можело да се случи токму на Цетиње, бидејќи голем број припадници на криминалните кланови во последните шест месеци се нашле на слобода, пишува Вијести.

Повеќето од нив излегле од притвор бидејќи судот не им изрекол ни првостепена пресуда три години по одредувањето притвор. Најголем број лица, за кои полицијата знае дека се припадници на злосторничката група, се наоѓаат токму на Цетиње.

Војната на двата најголеми криминални клана во Црна Гора, шкаљарскиот и кавачкиот, почна пред 10 години со исчезнување на пратка од 200 килограми кокаин во шпанска Валенсија. Од тогаш се убиени повеќе од 60 лица.

Лидерите на двата криминални клана Игор Вукотиќ и Радоје Звицер се во бегство.

Шкаљарскиот и кавачкиот криминален клан називите ги добиле по предградија на градот Котор од каде потекнуваат нивните лидери.

Total
0
Shares
Related Posts