Денес сечење бадникови гранчиња на Водно во пресрет на Божик

Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2022 година, со симболично сечење на бадникови гранчиња.

Прославата по 30-ти пат ја организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

– На скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик, наведуваат од Граѓанското здружение.

Неделната средба ќе се случи точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат кумовите и здравичарот – Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот – д-р Никола Пановски и д-р Миодраг Врчаковски. Најавено е и присуство на градоначалниците на СкопјеЦентар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата. По сечењето на бнадниковите гранчиња ќе следи дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент на отворено.

Бадниковото гранче го симболизира здравјето, среќата и славењето на животот. Со него традиционално се украсуваат домовите во пресрет на Божик  – раѓањето Христово.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ИВЗ со нов поглавар

Новиот поглавар на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Шакир Фетаи стапи на функција. Тој од денеска е…
Повеќе

Обвинението за Тачи и Веселји објавено пред да биде потврдено, првообвинетите се обиделе да ја попречат работата на судот и обвинителството

„Жртви на кривичните дела од обвиението се лица чиј идентитет ни е познат, меѓу кои се косовски Албанци, Срби, Роми и лица од дргиги националности, како политички противници“, соопшти Специјалното обвинителство во Хаг.