Економската криза на седница на Советот за безбедност

Економската криза и мерките за нејзино надминување се во фокусот на денешната 17. седница на Советот за безбедност.

Седницата почна, а на неа покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Седницата се одржува Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Предвидено е по нејзиното завршување, изјави да дадат претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Тошковски: 100 илјади граѓани ќе останат без право на глас доколку Собранието не го регулира начинот на идентификација при гласање

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски во гостувањето на утринската емисија на „Слободен печат“ апелира…