Зеленски – Евровизија ќе се одржи во Мариупол

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски веднаш по победата на Украина на Евровизија најави дека ќе дадат се од себе наредна година манифестацијата да се одржи во Мариупол.

-Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа!
Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен.
Ќе дадеме се од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол.
Ослободен, мирен, повторно изграден!
Ви благодариме што победивте со оркестарот Калуш и на сите што гласаа за нас!
Сигурен сум дека нашиот победнички акорд во битката со непријателот не е далеку, напиша Зеленски на Фејсбук.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

СЕ САМОУБИЛ И ГО КРЕНАЛ САЈБЕРТРАКОТ ВО ВОЗДУХ: Американски специјалец стои зад експлозијата пред хотелот на Трамп во Лас Вегас

Високо одликуваниот војник на американската армија во сајбер камионот Тесла, кој се запали пред хотелот на новоизбраниот претседател…