ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди кандидатите за техничката влада – партијата останува на ставот дека нејзините пратениците нема да ја гласаат

ВМРО-ДПМНЕ  на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски информираше за одлуките кои биле донесени на седницата на Извршниот комитет на партијата, а се однесуваат на предлозите за министри и заменици министри за техничката владата.

На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен адвокат.

За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, висок професионалец во областа на финансиите. Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика.

За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје.

Цветан Трипуновски за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Професор Чепреганов: Потребен е полициски час, заради ниската свест кај популацијата за сузбивањето на коронавирусот

Познатиот невропсихијатар проф. д-р Методија Чепреганов ја анализираше ниската свест кај граѓаните во придржувањето на мерките за изолација…
Повеќе

Државниот санитарен инспекторат ги поништи решенијата за надзор и изолација на лицата кои влегле во земјата со негативен тест за ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го запре извршувањето на решенијата за ставање под здравствен надзор и изолација лица…