МАКЕДОНКА ЗАГИНА КАЈ ЛЕСКОВАЦ Меѓу повредените има и две деца, банкината поминала низ автомобилот

Страшна сообраќајка вчера се случила кај Лесковац во која загина млада жена од Македонија. Четири лица се повредени, маж и повозрасна жена, како и две деца на возраст од 2 и 4 години.

Како што објави 192.рс, околку 18 часот возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда која поминала низ целиот автомобил.

Според информациите на 192.рс, семејството се враќало од одмор во Словенија, и според информациите на полицијата тие имаат словенечко државјанство.

– Жената била сопатничка. Превезевме две деца, од кои едното има тешки повреди. Повреди има и возачот, сопругот на починатата, но се чини дека се полесни, иако не можеме ништо со сигурност да кажеме додека не заврши снимањето – објаснува изворот.

Total
0
Shares
Related Posts