Мијалков стана дедо

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пред да оди на издржување на затворската казна стана дедо. Вчера сопругата на неговиот постар син, Јордан Мијалков, Анастасија родила женско бебе.

Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.

Мијалков го нема на фотографиите, а последните информации за него беа дека го одложил издржувањето на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“ којашто треба да ја издржува во струшкиот затвор и дека е на болничко лекување.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Твитер го блокираше Филипче

Твитер го блокираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче поради „забележана необична активност спротивна на правилата…
Повеќе

Трипуновски откри злоупотреби на државни пари: Фирми земале субвенции, а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделско земјиште

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, најави дека започнува со објавување на сите сомнителни случаи и…