Почина најголемиот битолски бизнисмен Силјан Мицевски

Почина Силјан Мицевски (78), најпознатиот бизнисмен од Битола и поранешен градоначалник на градот.

Мицевски беше градоначалник на Битола во периодот од 1996 – 2000, кога беше и прв човек на градежното претпријатие “Пелистер”, откако претходно го приватизираше. Неговото семејство поседува десетици аптеки „Еуро фарм“ низ цела Македонија. Поседуваше капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Тој е почесен конзул на Србија кој ја приватизираше градежната компанија Пелистер. Според информациите тој и неговата ќерка имаат низа компании на свое име , а во многу компании и се акционери.

Еден од најмоќните бизнисмени во Југозападниот дел и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво, поседуваше и недвижности во Битола, Охрид ,Скопје и други градови во Македонија. 

Популарно наречениот Циле ги помагаше спортот и културата во Битола, пред се РК Пелистер,  и важеше за човек кој лично им помогнал на голем број битолчани. 

Силјан Мицевски е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата „4-ти Ноември“ во 1979 година, наградата „Интернационална ѕвезда – златна категорија“ доделена во Париз 2003 г., престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ за 2016 година кое му беше врачено на Универзитетот „Хумболт“ во Берлин, а во 2016 година му беше доделено државното знаме на Република Србија.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

МВР потврди: Трите лица се пронајдени починати во автомобилот марка BMW кој беше извлечен од Лепенец во деноноќната акција на тигрите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка…