Националниот институт за јавно здравје на Косово (ИКШПК) го потврди првиот случај на мајмунски сипаници за 2024 година. Случајот е дијагностициран на 26 декември преку методот RT-PCR.
Пациентот, 30-годишен маж од Косово, бил примен на Инфективната клиника во Приштина на 24 декември по враќањето од западноафриканска земја, со симптоми како треска, температура, црвенило на лицето и рацете и чешање.
Неговата здравствена состојба е стабилна. ИКШПК ги следеше контактите на пациентот и даде препораки за превентивни мерки. Од Институтот нагласуваат дека повеќето случаи на мајмунски сипаници се благи и граѓаните не треба да паничат.
Мајмунски сипаници е вирусно заболување кое се шири преку близок контакт и се карактеризира со треска, осип на кожата и отечени лимфни јазли.
На граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат упатствата на ИКШПК.