Пронајдени тела на маж и жена откако се запалила викендичка

Тела на маж и жена утрово се пронајдени во куќа во селото Морани откако во неа избувнал пожар пренесува Курир. Случајот во полицијата бил пријавен околу 4 часот.

„Пријавено е дека во селото Морани, во викенд населбата гори куќа, сопственост на Р.Н. (66).

На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција.

Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат“, информираат од МВР

Причината за пожарот допрва ќе се утврдува.

Total
0
Shares
Related Posts