Авионска несреќа го потресе Вашингтон кога патничкиот авион PSA Airlines CRJ700 и воениот хеликоптер Sikorsky UH-60 се судрија во воздухот за време на приод кон аеродромот во Вашингтон. Двете летала паднаа во реката, а досега нема пронајдено преживеани.
Веднаш по несреќата, започна голема операција за потрага и спасување. Хеликоптери го надлетаа местото на несреќата, додека спасувачките чамци ја пребаруваа реката.
Повеќе руски лизгачи, меѓу кои и светски прваци, учествуваа на натпревар во Вичита, а некои од нив се качиле во авионот кој утрово се сруши кај Вашингтон.