Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени нападот во Суми во североисточна Украина, во кој загинаа 34 лица, а 117 беа повредени, како „ужасен“, но не ја обвини директно Русија.
„Мислам дека тоа е страшно. И ми кажаа дека згрешиле. Но, мислам дека тоа е страшна работа“, изјави синоќа американскиот претседател за новинарите.
Запрашан да разјасни што сака да каже со грешката, Трамп рече: „Тие направија грешка… ќе мора да ги прашате“, без да прецизира на кого точно се мисли или за каква грешка се работи, пренесе агенцијата Франс прес.
„Ова е војна на Бајден. Тоа не е моја војна“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Џо Бајден, додавајќи: „Само се обидувам да ја прекинам оваа војна за да можеме да спасиме многу животи“.