(Фото) Еве што заплени полицијата во автомобилот на Дрин Ахмети

Синоќа на скопското Кале беше уапсен Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ахмети имал полн багажник со пиротехнички средства, при што полицијата запленила речиси 750 парчиња на пиротехника.

МВР информира дека во џипот на внукот на Али Ахмети пронајдени се 749 пиротехнички средства.

-Полициски службеници, синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас, и при преглед на возилото пронашле 749 пиротехнички средства.

Како што соопштуваат од МВР, лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Паралелното мерење на PM10 честички во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите на воздухот измерени на други мерни станици

Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите…