Чешка отвори рекорден долг висечки мост. Мостот „Скајбриџ 721“ на североистокот од земјата им овозможува на планинарите кратенка низ облаците со феноменален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник.
Мостот е вистинска атракција и се протега на 721 метар меѓу два планински сртови, а се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ја премостува долината на Млиничката долина на височина од 95 метри.
„Скајбриџ 721“ е изграден во близина на видиковецот Скајволк, платформа висока 55 метри од која можете да се лизнете по тобоган од 100 метри.
Изградбата на овој мост чинеше околу 26,5 милиони евра и траеше две години, пренесуваат медиумите.