Јавниот превоз во Скопје од вечерва е бесплатен

Поради загадениот воздух, од вечерва во 18 часот јавниот превоз во Скопје и во приватните и во јавните автобуси е бесплатен. Како што соопштија од Град Скопје, прогласени се неколку мерки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните. Освен бесплатниот јавен превоз, се јакнат и инспекциите, се ограничуваат градежните работи, ќе се воведе поинтезивна контрола на градилиштата. Автошколите ќе работат редуцирано, а ќе се одложат или откажат јавни настани на отворено. Овие мерки ќе бидат во сила сè додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор 

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan…