Агелер: Се разгледуваат имиња кои би се нашле на „црната листа“

Одреден број на имиња се разгледуваат кои евентуално би се нашле на таканаречената „црна листа“, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер за време на отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан. А кога тоа би се случило зависи од Вашингтон.

„Листата е многу динамична, постојано имиња се разгледуваат и се дискутираат. Немам временска рамка, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но, ве уверувам дека додека зборуваме има број на имиња кои се земени в предвид и секогаш сме отворени кон додавање нови имиња и ќе се погрижиме да ве известиме кога тоа ќе се случи“, рече амбасадорката.

Во однос на прашањето за препораките на Државната комисија за спречување на корупција за назначувањето на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, Агелер порача дека е важно тие да бидат разгледани на начин на којшто јавноста ќе добие одговори на прашањата.

Агелер воедно најави формирање на нова судска мрежа во земјава во која учество ќе земат експерти од кривично правниот сектор кои ќе споделуваат искуства, ќе поттикнуваат доверба и ќе се поддржуваат меѓусебно, а иницијативата би била модел за целиот регион.

„Ќе биде прва од ваков вид во регионот, а деталите за тоа мислам ќе излезат во следните два дена, бидејќи групата разговара за нив. Со нетрпение очекуваме да ги добиеме деталите на тоа, но, членови ќе бидат поканети да и се приклучат на мрежата врз основа на нивното искуство и посветеност во борбата против корупцијата изјави Агелер .

Вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи рече дека земјава се соочува со голем предизвик бидејќи корупцијата е навлезена во секоја пора на општеството.

Конференција трае два дена и е организирана од американската амбасада во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот.

Total
0
Shares
Related Posts