Актуелната проректорка за финансии на УКИМ, Билјана Ангелова e новиот ректор

Универзитетот „Кирил и Методиј“ денеска одржа избори на кои 1 419 редовни и вонредни професори, доценти и студенти гласаа за избор на нов ректор за мандатниот период од 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година.

Актуелната проректорка за финансии на УКИМ, Билјана Ангелова стана новиот ректор со добиени само 27% од вкупниот број на гласови според Единствениот избирачки список, односно 392 гласа. Разликата помеѓу гласовите на професорите Христина Спасевска и Димитар Ташковски е само 5 гласа. Вкупно 187 професори и студенти гласале за професорката Спасевска, додека пак 192 гласа за Ташковски, кои доаѓаат од ФЕИТ. 

Горан Ајдински од Филозофскиот факултет на денешните избори за ректор освои 181 глас од вкупно 1 419 гласачи, 152 гласови за професорот Атанас Кочов и 118 за професорот Дуев.

Гласањето за избор на ректор се одржа на 23 факултети и пет институти во состав на УКИМ. Од вкупно 1 419 гласачи запишани во Единствениот избирачки список на УКИМ, правото на глас го искористиле 1 251 гласачи, од кои 29 се неважечки.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Пендаровски од Пелинце: Европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес – да ги мотивираме младите да останат во државава

– Да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите, во спротивно ќе ги изгубиме…
Повеќе

Катица си оди дома

Телма дознава дека Катица Јанева ќе оди во куќен притвор во станот на синот во Скопје. Апелациониот суд…