Американски сенатор повикува на убиство на Путин

Американскиот сенатор Линдзи Греам на социјалните мрежи повика на убиство на рускиот претседател Владимир Путин по инвазијата на Украина.

„ Како завршува ова? Некој во Русија мора да скокне … и да го убие овој човек“, изјави сенаторот за „Фокс њуз“.

Тој подоцна го повтори повикот во серија твитови, велејќи дека „единствените луѓе кои можат да го поправат ова се Русите“.

„ Дали има Брутус во Русија?“, праша сенаторот, мислејќи на еден од убијците на римскиот владетел Јулиј Цезар. „На Русија и на светот ќе им направите голема услуга“ додава сенаторот.

Тој исто така, се прашува дали има „поуспешен полковник Штауфенберг“ во руската армија, алудирајќи на германски офицер чија бомба не успеа да го убие Адолф Хитлер во 1944 година.

Сенаторот, кој служеше во Конгресот повеќе од дваесет години и повремено беше близок соработник на поранешниот претседател Доналд Трамп, претходно вчера претстави резолуција со која се осудува рускиот претседател и неговите воени команданти за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Total
1
Shares
Поврзани објави