Путин и Макрон разговараа два часа: Руски и украински персонал заеднички ја обезбедуваат нуклеарната централа

Елисејската палата соопшти дека Макрон го повикал Путин да го прекине рускиот напад и да ја осигура безбедноста на нуклеарните локации во Украина, откако гранатирањето предизвика пожар во административната зграда на нуклеарната централа Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска два часа телефонски разговарал со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Путин му рекол на Макрон дека Русија не сака да напаѓа нуклеарни постројки, го пренесува Би-би-си соопштението од кабинетот на Макрон.

Но, Путин, исто така, му рекол на Макрон дека Русија ќе ги постигне своите цели преку „преговори или војна“, соопшти француското претседателство, објави Би-би-си.

Во меѓувреме, во соопштението од Кремљ на кое се повикува Би-би-си, се вели дека Путин ги обвинил Украинците за инцидентот со нуклеарната централа. Тој му рекол на Макрон дека тоа било „провокација“ од „украинските радикали“. Кремљ вели дека руски и украински персонал заеднички го обезбедуваат местото и дека нивото на радијација е „нормално“.

За време на денешниот телефонски разговор, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин се согласија за потребата од вклучување на МААЕ за да се осигура безбедност на нуклеарните постројки во Украина, се наведува во соопштението од Елисејската палата.

Путин, исто така, според Кремљ, истакнал дека обидите за евакуација на цивилите од јужните градови Мариупол и Волноваха вчера не успеале, бидејќи „украинските националисти“ одбиле да ги пуштат луѓето да си заминат и ги искористиле привремените прекини на огнот само за да ги зајакнат и зацврстат своите позиции.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, објави денеска Стејт департментот.

Total
0
Shares
Поврзани објави