АПАСИЕВ: ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА 1-5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА „ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ“!

Прес конференција на пратеникот Димитар Апасиев, по повод поднесувањето на Предлог-закон за дополнување на Кривичниот законик од страна на Левица:

„Со овој предлог закон кој го предлагаме по скратена постапка се предвидува затвор 1-5 години за овластен предлагач на закон, кој ќе го злоупотреби знаменцето на Европска Унија.

Потоа се предвидуваат најмалку 5 години затвор за службено лице во орган на централна државна власт, почнуваќи од спикерот до претседателот на Републиката и претседателот на работното тело, кои ќе ги потпишат указите.

И на крајот предвидуваме и затворски казни од 6 месеци до 3 години за третиот ешалон, односно за државните службеници, кои што учествуваат во подготовка на лажни изјави кои доаѓаат од страна на Владата.“

Total
6
Shares

USJE
Поврзани објави