„Европски фронт, на чело со ДУИ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори“, изјави Али Ахмети.
Тој посочи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.
Ахмети ја цени одлуката на Таравари да се одвои од ВЛЕН.
„Секако, го цениме храбриот чекор на Таравари, кој многу порано разбра дека оваа Влада не е ништо повеќе од антиалбанска Влада, бидејќи дојде на власт со антиалбанска платформа. Сè уште не е изградена никаква стратегија. Господинот Таравари ми се чини дека рече: ‘јас не сум роден во влада’, и во моментот кога ќе стане неприфатливo, може да си замине. Но, ова се прашања на Таравари, тоа не се прашања на ДУИ, ниту на Европскиот фронт, тоа се внатрешни прашања што господинот Таравари треба да ги менаџира“, рече Ахмети.
Таравари повеќе не е дел од ВРЕДИ, бидејќи другите лидери од оваа коалиција одбија да излезат со посебни листи за општински советници, како што побара тој.